ЦЕЦА СО ДЕНОВИ ПРИМАЛА СИЛНИ ИНЕКЦИИ: Пејачката зборуваше за здравствената состојба

од Stefanija Kuzmanovska
644 прегледи

Фолк sвездата Цеца Ражнатовиќ неодамна имала здравствени проблеми, бидејќи се разболела откако пеела на дожд на концерт во Љубовија.

– Проблемот беше што сцената беше одалечена од сместувањето каде што се подготвував околу дваесетина минути возење, па мојата мокра облека се исуши на мене и така се разболев. Со денови примав силни инекции и инфузии и инхалации. Но, како што можете да видите, успеав да се опоравам – изјави Цеца за „Ало“.

Сето тоа сега стои зад неа, па таа одржа настап во Будва пред две вечери, здрава и расположена.

– Искрено би сакала да се вратиме во нормала и светот конечно да започне да функционира како порано. Поентата е јасна, сите треба да се вакцинираме за да започнеме повторно да живееме нормално – истакна пејачката.

Слични содржини