283
Минатата година во Европската унија се произведени приближно 12,2 милиони велосипеди или 1,2 проценти повеќе отколку во 2019 година, според проценките објавени денес од Заводот за статистика на ЕУ, Евростат.
Возењето велосипед го подобрува личното здравје, економично е за буџетот на домаќинствата и до степен до кој може да ја замени употребата на приватни автомобили, помага да се намали загадувањето на воздухот, според Евростат.
Продажбата на велосипеди многу варира меѓу земјите-членки на ЕУ за кои се достапни податоци, кои се движат од приближно 1.500 велосипеди во Данска до над 2,1 милиони велосипеди во Италија и над 2,6 милиони во Португалија, се додава информацијата.