Делта сојот на коронавирус регистриран во 124 земји

од Stefanija Kuzmanovska
391 прегледи

Бројот на земји и територии во кои циркулира високозаразниот делта сој на коронавирусот е зголемен за уште седум од 13 јули, па сега е регистриран во 124 земји, објави денеска Светската здравствена организација (СЗО).

Во претходните седум дена, други 13 земји пријавија присуство на делта сојот до СЗО, соопшти ТАСС.

СЗО нагласи дека точниот механизам за зголемување на заразноста на ковид останува нејасен. Покрај тоа, СЗО е загрижен за ширењето на сите четири соја.

Алфа сојот, откриен во Велика Британија во септември 2020 година, беше регистриран во 180 земји до 20 јули. Бета сојот, откриен во август минатата година во Јужна Африка, е присутен во 130 земји, додека бразилскиот гама сој е откриен во 78 земји.

Слични содржини