Познатата кантри пејачка Доли Партон облече костум на Плејбој зајачица за да го изненади сопругот Карл Томас Дин за роденден. Таа се присети на позирањето за насловната страница на списанието Плејбој во 1978 година.
„Дали се сеќавате дека некаде претходно кажав дека ќе се позирам за насловната страница на Плејбој на 75 години? Па, јас имам 75 години, а тие повеќе немаат списание“, рече Доли во видеото што го сподели на социјалните мрежи.
„На мојот сопруг секогаш му се допаѓаше мојата насловна страница, па затоа се обидов да смислам начин да го направам среќен. Тој сè уште смета дека сум згодна по 57 години брак“, додаде таа
75-годишната Доли носеше црно боди без прерамки, розово-бела панделка и зајачки уши. Таа позираше во тој стајлинг и ја спореди фотографијата со насловната страница од 1978 година.
View this post on Instagram