Милошоски: Очекуваме партиите да го почитуваат законскиот рок за изборите

од desk4
211 прегледи

Партиите од власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања, откако премиерот Заев излезе со предлог, локалните избори да се одржат на 31, место на 17 октомври за се избегне нивно поклопување со пописот.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Заев го пролонгира датумот за локални избори на своја рака и без консултации со другите партии, со надеж дека ќе го ублажи поразот. Пратеникот од опозициската ВМРО ДПМНЕ Антонијо Милошоски вели дека денот кога треба да се оддржат локалните избори не треба да се определи врз основа на желбите на политичарите, бидејќи тоа е спротивно на Уставот и дека ќе се наруши целиот изборен процес.

Актуелниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов смета дека е обврска на политичките партии да го договорат терминот за одржување на локалните избори и дека опозицијата сега се обидува да бара само алиби.

За ДУИ, пак, е прифатлив било кој датум за локалните избори за кој ќе се договорат политичките партии, вели шефот на дипломатијата Бујар Османи. Зад предлогот на премиерот, застана колицискиот партнер Беса. За Алијанса на Албанците Алтернатива е прифатлив единствено датумот 17 октомври.

Одлуката е во рацете на собранискиот спикер Џафери, кој ја има надлежноста да ги закаже изборите. Во април, изборите веќе еднаш беа одложени, од првата за втората половина на октомври. Доколку дојде до одложување сега поради Пописот, ќе мора да се менува и Изборниот законик.