Денес, Мароко се закани со судска постапка на сите оние кои ја обвинуваат владата на таа земја дека го користи израелскиот софтвер „Пегаз“ за да шпионира новинари, активисти и политичари и додаде дека ја осудува кампањата на „лажни, масовни и малициозни медиуми“.
Властите во Рабат категорично ги отфрлија овие обвинувања повторно, оценувајќи ги како лажни и неосновани и додадоа дека ќе започнат „судска постапка во Мароко и во странство против секој што ќе ги преземе овие лажни обвинувања“.
Мароканската влада веќе ги демантираше информациите во понеделникот и денес дека е меѓу земјите што користеле шпионски софтвер.
Францускиот весник „Монд“, член на медиумскиот конзорциум, во вторникот објави дека францускиот претседател Емануел Макрон е на списокот на потенцијални цели на шпионажа преку „Пегаз“. Според тие информации, за тоа наводно е одговорна мароканската служба за безбедност.