Што сакаа граѓаните на Хрватска на евро монетите: Лука Модриќ, Туѓман, вратоврска…

од Nikola Popovski
363 прегледи

Шаховницата, географската карта на Хрватска, куната, глаголицата и Никола Тесла се предложените мотиви за хрватската страна за евро монетите, објави Хрватската народна банка.

„Секоја земја има можност да има национален мотив од едната страна на паричката. Кристализирани се следниве предлози: шаховница, картата на Хрватска, куна, Никола Тесла и глаголицата. Тоа би било отприлика концептот. Шаховницата како основа, а потоа по ред би иделе картата на монетата од 2 евра, куната на 1 евро, на 50, 20 и 10 центи би бил ликот на Тесла, а на 5, 2 и 1 центи ќе биде глаголица“, рече денеса премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ.

Граѓаните исто така можеа да учествуваат во целиот процес на избор на мотиви. Скоро 50 илјади луѓе дадоа свои предлози во веб-анкетата, а и самите можеа да предложат уште еден мотив. Доминантен предлог беше Никола Тесла, за кого гласале 2.599 граѓани, што е повеќе од 20% од сите предлози.

Хрватската народна банка објави список со оние предлози кои добиле повеќе од 100 гласови:

1. Никола Тесла – 2.599 гласови; 22,8% од сите гласови

2. вратоврска – 1.063 гласови; 9,3% од сите гласови

3. Водената кула во Вуковар – 419 гласови; 3,7% од сите гласови

4. хрватската плетенка – 358 гласа; 3,1% од сите гласови

5. кучето Далматинец – 311 глас; 2,7% од сите гласови

6 Плитвички езера – 223 гласа; 2% од сите гласови

7. Арената во Пула – 210 гласа; 1,8% од сите гласови

8. Фрањо Туѓман – 143 гласа; 1,3% од сите гласови

9. Хрватски грбови – 136 гласа; 1,2% од сите гласови

10. Кралот Томислав – 127 гласа; 1,1% од сите гласови

11. Катедралата во Загреб – 123 гласа; 1,1% од сите гласови

12. Лука Модриќ – 100 гласа; 0,9% од сите гласови

Слични содржини