276
На 47. седница на Собранието, која треба да се одржи денеска трба да се разговара за Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за евроинтеграцискиот пат на земјата и националните црвени линии.
Премиерот Зоран Заев, претходно,изјави дека нема да гласаат за резолуцијата предложена од ВМРО-ДПМНЕ за разговорите со Бугарија, доколку остане со името како што е сега поднесена. Притоа, информираше дека разговарале со опозициската ВМРО-ДПМНЕ за да се изнајде решение, при што било заклучено дека процесот треба да продолжи, но, притоа мора на дневен ред да продолжи дискусијата согласно Уставот и Законот.