Демарaj Греј стана „карамела“: Тригодишен договор вреден 1,6 милиони фунти

од Stefanija Kuzmanovska
284 прегледи

Англискиот фудбалер Демарај Греј е нов играч на Евертон.

Греј, кој игра во средниот ред, потпиша тригодишен договор со тимот на Евертон во трансфер вреден 1,6 милиони фунти, објави британски Скај.

Тој пристигна во Флорида, каде се подготвува клубот, а денес ќе изврши лекарски прегледи.

Во досегашната кариера, 25-годишниот играч играше и за Бирмингем, Лестер и Баер Леверкузен, каде се наоѓа од јануари оваа година.

Евертон ќе игра на домашен терен против Саутемптон во првото коло од новата сезона во Премиер лигата, на 14 август.

Слични содржини