Европската комисија во четвртокот одобри дополнителни 10 милиони евра на Хрватска за да продолжи да им помага на најранливите во однос на исхраната и основните потреби.
Дополнителната помош е наменета „за оние кои имаат најголема потреба, вклучувајќи ги и оние погодени од пандемијата на коронавирус и два разорни земјотреси во 2020 година“, соопшти Комисијата.
Овие луѓе ќе добијат помош за топли оброци и основни потреби како што се средства за хигиена и училишен прибор.
Средствата беа издвоени од Европскиот фонд за помош на најсиромашните (FEAD), кој ги поддржува активностите на земјите-членки за обезбедување храна и основна материјална помош за најранливите.
Помошта за Хрватска е дел од поголемиот пакет од 336 милиони евра според програмата РЕАКТ-ЕУ, исто така насочена кон Германија, Франција и Грција.