Националната метеоролошка служба на Германија предвиде денес дека може да има обилни врнежи од дожд повторно во регионите погодени од разорните поплави од минатиот викенд.
Метеоролозите објавија локални катастрофи од сабота попладне, кои подоцна ќе се прошират на големи делови од германската провинција Рајнска област-Пфалц, најсилно погодени од поплавите, јави АП.
Официјални лица, пак, соопштија дека билансот на жртвите од поплавите во западната провинција се искачи на 125.
Низ Германија најмалку 174 лица го загубија животот во поплавите, додека 31 лице загина во соседна Белгија.
Германските власти изградија огромен камп за спасувачки екипи на стадионот Нирбургринг. Повеќе од 4.500 пожарникари, војници и припадници на цивилната одбрана се занимаваат со расчистување на последиците од поплавата.