Бритни Спирс седна во автомобил и го прекрши законот

од Nikola Popovski
250 прегледи

Поп-sвездата Бритни Спирс е фотографирана како управува автомобил со едната рака, додека со другата држи мобилен телефон, со што го прекрши еден од американските закони за сообраќај, пренесуваат американските медиуми.

Фотографиите се направени само еден ден откако нејзиното момче Сем Асгари предизвика мал судар во близина на нејзината вила во Калифорнија.

Неговиот инцидент се случил на 10 минути од куќата на Бритни, а Сем признал што се случило и за среќа никој од учесниците во судирот не бил повреден. Тој бил фотографиран со двајца полицајци на кои им рекол дека само пред две недели го купил зелениот џип, кој го возел кога се случил судирот.

Пред неколку дена, Бритни беше фотографирана и во својот Мерцедес кога отиде да земе кафе за носење, а по тој повод беше фотографирана со огромен дијамантски прстен на малиот прст од левата рака, па сите се прашуваат дали се верила тајност.

Слични содржини