Црна Гора бележи висок скок на бројките – се забранува работата на дискотеките

од Берта Китинска
202 прегледи

Поради непочитување на епидемиолошките мерки во Црна Гора и зголемениот број на новоинфицирани од денес до понеделник, 2 август, властите ќе воведат привремена забрана за ноќни клубови и дискотеки, во затворени простории, објави „Вијести“ од Подгорица.

Забранети се забавите и музичките фестивали, како и сите масовни собири во затворени простории.

Црна Гора бележи висок скок на бројот на новоинфицирани, 65 во четвртокот.Учеството на ново позитивните случаи во вкупниот број на тестирани е 3,49 проценти.

Вредноста на 14-дневната кумулативна стапка на инциденца на ниво на Црна Гора е 62,93.Вкупниот број на моментално активни е 421.