Принцот Хари би можел да открие кој е членот на кралското семејство кого тој и неговата сопруга Меган Маркл го обвинија за расизам, тврди експерт за прашањата на кралското семејство.
Војводата од Сасекс треба да ги објави своите мемоари следната година и вети дека тие ќе бидат „точен и потполно вистински“ извештај за неговиот живот.
Ќе го опфати неговиот живот во јавноста, вклучително и времето во војската, бракот и периодот откако стана татко.
Хари рече дека ги пишува своите мемоари, не како принц каков што се родил, туку како човек каков што станал.
„Со текот на годините носев многу капи и буквално и фигуративно, и се надевам дека со раскажување на мојата приказна – подеми и падови, грешки, научени лекции – ќе успеам да ви помогнам и да покажам дека без оглед од каде и да доаѓаме, имаме повеќе заедничко отколку што мислиме“, изјави принцот Хари.
Да потсетиме, Хари и Меган обвинија неименуван член на семејство за расизам, сугерирајќи дека семејството е љубоморно на Меган, како и дека таа сакала да изврши самоубиство за време на нејзината прва бременост.
Според британските медиуми, мемоарите на Хари ќе бидат објавени на крајот на 2022 година, а парите од продажбата ќе бидат донирани во добротворни цели.