Американскиот рапер д-р Дре е должен на својата сопруга Никол Јанг да и плаќа 293 илјади долари месечно за алиментација, одлучи судот во Калифорнија, пишува „Пејџ Сикс“.
Двајцата не живеат заедно веќе некое време, а Никол поднесе барање за развод минатата година.
Раперот ќе мора да ги подмири сметките на сопругата и децата од август, а исто така ќе треба да ги плати сметките за куќата во Беверли Хилс, каде што таа сè уште живее.
Богатството на славниот рапер се проценува на 800 милиони долари.
Тој и Никол имаат две деца заедно.