Новинарка од германската телевизија РТЛ добила отказ откако било откриено дека лаже дека им помага на жртвите во поплавениот град.
Сузана Охлен (39) намерно се извалкала со кал пред да се приклучи на програмата, по што рекла дека помогнала во чистење на Бад Мунстерајфел, град кој бил сериозно оштетен во поплавите што однесоа најмалку 128 животи во Германија.
„Чистење по поплавата: Новинар на РТЛ помага во расчистувањето на Бад Мунстерајфел“, е насловот на извештајот, кој беше емитуван на телевизија.
Hier ist das fleißige Bienchen 🤣🤣🤡🤡mit ihrem Märchen das sie mit angepackt hat 😂😂 pic.twitter.com/brdhofXl5k
— BockwurstMitSauerkraut (@Michael45644934) July 22, 2021
Наскоро се појави и друго, инкриминирачко видео.
Das ist die @RTLde Moderatorin Ohlen, die "anpackt" – wie im nachfolgenden RTL-Artikel geschrieben wird.@Hadmut @argonerd pic.twitter.com/l1zFOd1pdc
— Eddie Graf (@Eddie_1412) July 22, 2021
Според „Дејли мејл“, еден од минувачите ја снимил, облечена во сина кошула, со капа и чизми, зграпчувајќи кал и мачкајќи се по облеката, додека урнатините од зградите стојат околу неа.
Потоа, уште еднаш клекнала, земала кал и се намачкала на лицето. Видеото е објавено на социјалните мрежи, каде предизвика големо внимание.
РТЛ објави дека водителката ги прекршила сите новинарски принципи и стандарди и дека поради тоа добила отказ, кој стапил на сила веднаш.
Охлен работи во РТЛ од 2008 година. Таа била водителка на емисии како Добра вечер, РТЛ, Добро утро, Германија и Поинт 12.