Силен земјотрес ги погоди Филипини

од Nikola Popovski
150 прегледи

Земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала го погоди јужниот дел на главниот град Манила, објави филипинскиот Институт за вулканологија и сеизмологија.

Агенцијата навела дека после земјотресот се очекуваат последователни земјотреси, што се случиле на длабочина од 116 километри, објави Ројтерс.

Земјотресот, кој траеше скоро една минута, разбуди некои жители на главниот град.

Според директорката на Сеизмолошката агенција, Реаната Солидум, земјотресот се случил на таква длабочина што нема опасност од цунами.

Епицентарот бил на 16 километри југозападно од провинцијата Батангас, информира Солидум.

Филипините се наоѓаат во т.н. Пацифичкиот огнен појас, каде што се чести земјотресите и вулканските активности.

Слични содржини