Бритни Спирс објави ТОПЛЕС ФОТОГРАФИЈА: „Ова е секси“

од Stefanija Kuzmanovska
479 прегледи

Најновата фотографија на Бритни Спирс на Инстаграм привлече големо внимание во јавноста. Во скоро 60 илјади коментари под објавата, вклучувајќи го и коментарот на Парис Хилтон, има голем број комплименти, но и опомени.

„Твоите очи изгледаат толку смирено“, „Уфф, го стори тоа повторно“, „Така е, треба да бидеш на слобода“, „Ти го сруши интернетот, кралице“, се само дел од ентузијастичките коментари на фотографијата на која Бритни позира топлес покривајќи ги нејзините гради со рацете.

Меѓу позитивните коментари под нејзиниот пост беше и коментарот на Парис Хилтон, која ѝ даде јавна поддршка на Бритни за ослободување од старателството на нејзиниот татко.

„Ова е секси“, напиша таа.

Од друга страна, очекувано, се огласија и загрижените обожаватели на поп принцезата и ги осудија нејзините постапки.

Слични содржини