Илјадници Унгарци излегоа на Парадата на гордоста во Будимпешта: „Секој треба да живее слободно“ (ВИДЕО)

од Берта Китинска
507 прегледи

Неколку илјади Унгарци се вклучија на годишната Парада на гордоста во Будимпешта за да изразат поддршка за ЛГБТИ  заедницата и да не се согласат со новиот закон за забрана за прикажување на ЛГБТИ  содржина на деца под 18 години.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој е на власт од 2010 година, сè повеќе ја радикализира политиката во својата земја, претставувајќи ја како борба за зачувување на традиционалните христијански вредности од западниот либерализам.

Европската комисија поведе постапка поради новиот унгарски закон кој стапи на сила во јули, бидејќи смета дека е дискриминаторски и спротивен на европските вредности на толеранција и индивидуални слободи.

Слични содржини