277
Хрватскиот сеизмолог Томислав Фикет изјави дека земјотресите може да траат уште две години, откако земјотресот од 3,8 степени попладнево ја погоди областа Петриња.
Интензитетот во епицентарот бил на петто ниво според ЕМС-скалата, а земјотресот се почувствувал во пошироката околина на Петриња, Сисак и Глина, јави ХРТ.
– Овој земјотрес беше на длабочина од осум километри. Се чувствуваше во поширока област. Тој веројатно ги вознемири граѓаните затоа што веќе има доволно земјотреси.Сепак, постојано потенциравме и продолжуваме да потенцираме дека оваа серија може да трае две години. За жал, земјотресите се таму и ќе ги има уште некое време – рече Фикет во ХТВ дневно.