Менаџерот на Бритни Спирс проговори: „Таа ги изневери и системот и јавноста“

од Nikola Popovski
368 прегледи

За првпат, менаџерот и пријател на Бритни Спирс се појави на социјалните мрежи со шокантно признание за вистината што го мачела со години за животот на Бритни.

По дванаесет години молк, Кејд Хадсон, долгогодишен пријател и агент на Бритни Спирс, реши да зборува за нејзината борба да се стави крај на старателството од таткото на Бритни, пренесува ТМЗ.

„Со години молчев, но она што е премногу, премногу е. Откако добив илјадници смртни закани и избегнав стотици шишиња вода што ми ги фрлија непознати лица, велејќи ми дека „сум ѝ го испрал мозокот“, доволно ми е, вака Хадсон ја започна својата приказна на Инстаграм и продолжи:

„Ова е кршење на основните човекови права. Јас молчев затоа што се плашев да не ја изгубам работата, кариерата што ја градев на 15-годишна возраст и поради заканата од човек за кој сите знаеме, но не сакам да го споменувам неговото име. Но, доволно е сега и повеќе нема да молчам“.

Хадсон тврди дека ја познава „вистинската“ Бритни Спирс, која го помина Божиќ со него и волонтирала на училишни танци за деца со лош економски статус.

„Бритни ги изневери и системот и јавноста. Но, сега има одличен адвокат кој знае дека вистинската работа штотуку започна. Друга личност од нејзиниот близок круг беше замолчена (вие што сте го направиле тоа, знаете кои сте). Таа личност ја поддржува и размислува што е најдобро за неа “, напиша Кејд.

Американските медиуми претпоставуваат дека Хадсон овде мисли на менаџерот на Бритни, Лери Рудолф, кој поднесе оставка откако во медиумите протекоа вести дека Бритни планира да се повлече.

„Иако луѓето не ја гледаат вистината, таа ќе излезе на виделина. И некои треба да бидат навистина загрижени за тоа. Некои од вас знаат кои се тие. Време е за заздравување. Бог ќе се погрижи за оние што и нанеле штета, да платат за тоа, а јас за првпат сега јавно ќе кажам: Ослободете ја Бритни!

Откако американските медиуми ја објавија неговата објава, Кејд го ​​заклучи својот профил, така што оригиналниот текст повеќе не е достапен за јавноста.

Слични содржини