„Организатори на 27 април“: Јанакиески и Вељановски добија по 6 години затвор

од Nikola Popovski
334 прегледи

Денес во Кривичниот суд во Скопје беа објавени пресудите за случајот „Организатори за 27 април“. Поранешниот спикер Трајко Вељаноски доби 6 години и 6 месеци затвор, а поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески доби 6 години и 3 месеци затвор. Поранешниот министер за образование, Спиро Ристовски, исто така доби затворска казна од 6 години и 3 месеци, а поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски исто така е осуден на 6 години затвор. Тие се товареа дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

За осудените Обвинителството побара определување мерка притвор до правосилност на пресудата.

Судскиот процес за организаторите на насилствата од 27 април во Собранието започна на 21 февруари 2020 година.

Обвинителниот акт ОЈО за гонење организиран криминал и корупција до Кривичниот суд го поднесе на 31 мај 2019 година, а беше прифатен во 31 јануари 2020 година.

Во истрагата беа опфатени и поранешниот премиер Никола Груевски и ексразузнавачот Никола Бошковски, но постапката за нив е запрена додека не станат достапни на органите на прогон.

Слични содржини