Малолетник со џип повредил пешак на паркинг

од Nikola Popovski
280 прегледи

СВР Гевгелија соопшти дека вчера се случил инцидент на паркинг во Негорски бањи.

-Теренско возило „ленд ровер“, со кавадаречка регистарација, управувано од малолетно лице од Неготино, удрило во паркиран автомобил „опел“ и во автомобил „фиат“, кој пак, удрил во уште едно возило – „фолксваген поло“, велат од МВР.

Според нив, во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот Ѓ.З. (42) од Неготино, констатирани во медицински центар во Гевгелија, а увид на местото извршила екипа на гевгелиската полиција.

Слични содржини