Нејмар се договори со Барселона, завршија сите судски спорови

од Stefanija Kuzmanovska
366 прегледи

Фудбалскиот клуб Барселона и поранешниот напаѓач на тој клуб, Бразилецот Нејмар, успеаја да се договорат околу четири судски спорови, објави клубот.

Клубот само објави дека е потпишан „пријателски договор“ за решавање на три трудови и еден граѓански спор надвор од судот.

Спорите беа околу договорот на Нејмар со Барселона, а шпанските медиуми објавија дека клубот од него барал повеќе од 16 милиони евра, додека Бразилецот наводно барал околу 50 милиони.

Нејмар играше за Барселона од 2013 до 2017 година, а сега е фудбалер на францускиот клуб Пари Сен Жермен, каде премина за 225 милиони евра.

Слични содржини