Деветнаесет-годишната Зара Радерфорд, тргнува на пат од 51.000 километри со својот ултралесен авион „Шарк“, најбрзиот микро-авион во светот. Радерфорд им го трасира патот на девојчињата со поставување на рекорд за најмладата жена што ќе лета самостојно околу светот следниот месец.
Откако ќе заврши, таа ќе биде најмладата личност што летала со микро авион околу целиот свет како и најмладата жена што самостојно летала. Актуелниот светски рекорд го држи Шаеста Ваиз кој го заврши патувањето на 30-годишна возраст. Радерфорд се надева дека ќе ги инспирира другите да тргнат по нејзините стапки.
„Мојата цел е да ги приближам рекордите“
„Сакав да летам низ светот. Нека ме видат девојките и помислат: „Би сакала и јас да летам еден ден“. Во авијацијата има разлика помеѓу мажите и жените. Значи, мојата цел е да се доближам до рекордите, а потоа јас се надевам дека и други девојки ќе се обидуваат да го срушат мојот рекорд и потоа ќе започнам да се натпреварувам со момчињата“, изјави Радерфорд за Ројтерс
Нејзините родители, Беатрис де Смет и Сем Радерфорд, и двајцата се пилоти, иако мајката имала измешани чувства кога нејзината ќерка ги објавила своите планови.
„Кога првпат ми кажа за тоа, моето срце потскокна. Ми требаше време да го сварам тоа. А сега сум толку горда и целосно, целосно ја поддржувам“, рече мајка и.
Тинејџерката сама ќе го финансира патувањето со помош на спонзор и се надева дека патувањето ќе заврши за околу два до три месеци.