Иако пандемијата ги ограничи патувањата, повеќе од 2.000 барања за азил се поднесени за деца од Албанија во некои земји на Европската унија и Швајцарија.
Во најновиот извештај на Европското биро за статистика се наведува дека од вкупниот број барања за азил за деца, 12 проценти се од Албанија. На прво место е Турција со 24 проценти, а потоа Русија со 23 проценти.
Пропорционално на населението во овие земји, Албанија е на прво место.
Молдавија е на четвртото место со 10 проценти, следена од Србија со 8 проценти.
Франција најчесто се наведува во барањата за деца од Албанија.
Според податоците на Евростат, во 2020 година, од Албанија се поднесени 2.125 барања за земјите на ЕУ и Швајцарија, а 83% од барањата се однесуваат на деца под 14-годишна возраст.
Во споредба со претходната година, побарувањата се намалени трипати, а тоа се должи на пандемијата.