ХАРИ ЌЕ ОБЈАВИ 4 КНИГИ: Една ќе излезе по смртта на Кралицата

од Vladimir Zorba
230 прегледи

Нова вест повторно ја потресе Бакингемската палата – принцот Хари потпишал договор со издавачка куќа, наводно вреден 29 милиони фунти, со кој ветил дека ќе објави дури четири книги!

Први во серијата ќе бидат неговите мемоари, кои ќе ја видат светлината на денот следната година, во време кога Кралицата го слави својот платинест јубилеј.

Втората ќе биде книгата на Меган Маркл, за која се претпоставува дека е водич за добар живот, додека други мемоари на Хари ќе се појават на пазарот едвај кога Кралицата ќе умре.
Единственото нешто што сè уште е непознато е четвртата најавена книга.

Сепак, очигледно е дека тоа нема да создаде толку многу конфузија како другите мемоари што ќе стојат во фиока до смртта на Кралицата, а кои, веројатно, може да содржат сериозни обвинувања и против неа.

Хари ги водеше преговорите околу книгите од неговиот американски дом и додека двајца издавачи летаа од Лондон само поради тоа, другите присуствуваа на „аукцијата“ преку видео повик.

Според извори, Хари бил многу сериозен во преговорите и имал став „земете или оставете“.
Почетната цена беше 18 милиони фунти, а наводно на крајот се искачила на 29 милиони.

Слични содржини