За нас е неприфатлив предложениот праг од 2 проценти за независни кандидати на локалните избори, нашиот предлог е прагот да изнесува 0.5 проценти, само така ќе се овозможи олеснато вклучување на независните кандидати во единиците на локалната самоуправа, остро реагираат ЛДП и ДОМ со поднесување на амандмани на предложениот изборен законик од страна на пратениците Моника Зајкова, Маја Морачанин и Боби Мојсоски.
– Во однос на останатите поднесени амандмани ние за отворените листи бараме наместо прагот со преференца од 3 проценти од вкупниот број избирачи на избирачкиот список да биде 10 проценти од бројот на вкупно освоени гласови на листата или пак воопшто да нема праг. Финансирањето од буџетот предложено во предложените измени на изборниот законик ги фаворизира големите партии со што тие ќе добиваат по 45 проценти од средствата, за нас е тоа некоректно бидејќи се ставаат во поповолна положба 4 те големи партии од власта и опозицијата истакнуваат пратениците од ЛДП и ДОМ.
Тие додаваат дека за сите други помали политички партии кои што не се делови од пратенички групи во парламентарни политички партии инезависни кандидати наменети се само 10 проценти од средствата.
Поради што пратениците од двете партии предлагаат распределба во соодносот на средствата од 35 проценти за двете најголеми партии на власт, 35 проценти за двете најголеми опозициски парти и 30 проценти за политичките партии кои што се помали и немаат пратеничка група во парламентарните партии и независните кандидати.
Тие велат дека доколку власта и опозицијата сакаат демократски локални избори и ефикасни совети каде ќе се слуша гласот на граѓаните амандманите треба да се прифатат во целост.