Ристоска: Груевски може да одговара и за перење пари, доколку користи средства изнесени од С. Македонија

од Vladimir Zorba
347 прегледи

Обвинителката Ленче Ристоска за ДВ изјави дека експремиерот Никола Груевски, кој како бегалец од правдата, отвори бизниси во Унгарија, би можел да се соочи со уште една постапка – за перење пари, доколку се докаже дека пари изнесени од С. Македонија се користат за бизниси во странство.

„Ако се дојде до сознанија дека Груевски има вложувања во странство, може да се отвори нов предмет за перење пари, ако се има предвид дека за него во земјата се водат неколку постапки за кривични дела поврзани со корупција, коишто генерирале профит“ , вели обвинителката.

Тоа, според неа, може да биде основа за отворање нов предмет или предистражна постапка, по што ќе може да се побараат информации од унгарските власти кога се отворени сметките, колку пари се слеани на нив и во кој период, но и кога се отворени сметки за започнување на нови инвестиции.

Според поранешната обвинителка на СЈО, државата преку меѓународна правна помош, може да побара информации поврзани со сметките и трансакциите во странство.

Слични содржини