ВУЧИЌ ОД СКОПЈЕ: Создаваме историја што ќе се прераскажува во иднина!

од Vladimir Zorba
206 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска и утре престојува во Скопје, каде што ќе се сретне со премиерите на Северна Македонија, Зоран Заев и Албанија, Еди Рама, во рамките на иницијативата за соработка позната како „Мини Шенген“.

Претседателот рече дека ова е многу важна посета на Скопје и посочи дека утре ќе бидат потпишани три договори, што подразбираат побрз проток на стоки меѓу Србија, Северна Македонија и Албанија, вториот е помош и поддршка во природни катастрофи, а третиот укинување на дозволите за работа и создавање единствен пазар на труд.

Во обраќањето до нацијата од Скопје, Вучиќ рече дека трговијата меѓу Србија и Северна Македонија расте од година во година.

– Ако за две години дојдеме до точка кога ќе немаме граници меѓу себе и камионите ќе можат слободно да минуваат, како и автомобилите, тогаш ми се чини дека постигнавме нешто за што сонувавме. Не сум сигурен колку сите ќе бидат среќни поради тоа во светот и Европа, но ние ќе бидеме среќни – објасни Вучиќ.

Тој изјави дека утре повеќе ќе зборува за договорите со Рама и Заев.

– Ние веќе не го бркаме тој, кој ќе направи нешто за нас или ќе ни даде нешто, туку што е она што можеме заедно да го направиме – објасни претседателот на Србија.

Потсети и на заминувањето на работната сила во странство, пред се занаетчиите и објасни дека „работиме на враќање на овие луѓе во земјата“.

Додаде дека за да се привлечат инвеститори, мора да се грижиме за тоа дека „немаме доволно занаетчии“. „Потребна ни е поголема работна сила“, вели тој, и со обединување на пазарот на трудот ќе ги надоместуваме сопствените недостатоци.

– Немаме бравари, столари, месари, водоводџии и треба да најдеме нови начини – вели Вучиќ.

Слични содржини