Според изворите од продукцијата на продолжението на серијата „Сексот и градот“, серијата „And Just Like That“ веќе добива толкав интерес што Сара Џесика Паркер планира да ја продолжи мини серијата на неколку сезони.
„Продукцијата на серијата досега постигна огромен успех, и бидејќи одговорот на фановите е позитивен, извршните продуценти Мајкл Патрик Кинг и Сара Џесика Паркер бараат повеќе од првобитниот план, кој требаше да биде само 10 епизоди“, изјави извор за „Дејли Меил“.
„Со оглед на тоа што HBO Max наскоро ќе објави втора сезона, вратата е отворена и за Ким Катрал, ако сака да се врати како Саманта Џонс“, додаде изворот.
Серијата „And Just Like That“ првично беше замислена како серија од десет епизоди што треба да се емитува на HBO Max, која го следи средовечниот живот на главните ликови (освен Саманта) во Њујорк.