Мицкоски за Отворен Балкан: Тоа не е алтернатива за ЕУ

од Nikola Popovski
255 прегледи

На денешната прес-конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за мини шенгенот (по ново Отворен Балкан) истакна дека алтернатива за Македонија покрај полноправно членство во Европската Унија не постои.

„Секоја регионална иницијатива е добредојдена, но тоа не смее да биде алтернатива. Македонија треба  оваа година да ги почне преговорите со ЕУ бидејќи тоа го заслужуваме повеќе од би рекол десет години, со исполнети критериуми, но, за жал, поради разно разни артефицијални, вештачки пречки ние до овој момент не сме почнале преговори. Ние треба веднаш да ги почнеме како држава преговорите и тоа треба Европската Унија да го испорача уште оваа година. Следна таква можност е самитот што ќе се одржи во декември месец. Така што тука би го заклучил мојот одговор, алтернатива за Европската Унија нема“, истакна Мицкоски.

Регионалната иницијатива меѓу Северна Македонија, Албанија и Србија, која неофицијално беше нарекувана Мини Шенген доби ново име – Отворен Балкан. Таа ќе овозможи регионално поврзување за соработка и слободен проток на патници и услуги меѓу три земји. Целта на Отворен Балкан е да се анулира чекањето на границите и да нема царини.

Слични содржини