Мицкоски: Доктор Борче ќе го препороди Прилеп и ќе го крене од мочуриштето во кое се наоѓа (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
165 прегледи

Сакаме да понудиме иднина и она кое што навистина повторно ќе го врати приоритетот на Прилеп, град кој што е најразвиен и најперспрективен град во Македонија. Така што денеска тука во Прилеп ќе имаме можност да го промовираме проектот кој што започна овде од Прилеп, а тоа е проектот изградба на ново автопатско решение Скопје Велес преку Бабуна, Прилеп, Битола, Меџитлија. Но исто така ќе зборуваме за концептот на целосно дигитализирана општина, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Прилеп.

„До мене е и идниот градоначалник на Прилеп, доктор Борче кој што е овде човек за кој што веќе сите гласно зборуваат дека е идниот градски татко и идните четири години, а зошто да не и понатаму да го препороди навистина Прилеп, и да го крене од ова мочуриште во кое што денеска се наоѓа“, истакна Мицкоски.