Шахпаска: Од 2017 година го решивме статусот на 13.000 стечајци

од Nikola Popovski
261 прегледи

„Вчера Собранието го изгласа Законот за материјалното обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантно државна сопственост“, изјави денеска министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

Според неа, нови 1100 стечаји со новото законско решение ќе добиваат по 9242 денари месечно.

„Од 2017 година досега го решивме статусот на 13.000 стечајни работници. Оваа влада посветено работи за сите прашања и проблеми на граѓаните“, рече министерката.

Согласно Законот за стечајци, невработеното лице треба да има најмалку 14 години работен однос во претпријатија со доминантна сопственост на државата.

На денот на поднесување на барањето, невработеното лице треба да е на возраст од најмалку 52 години (жена), односно 55 години (маж); да остварило право на паричен надоместок по 1 јануари 1993 година и од 31 декември 2020 година до денот на влегување во сила на овој закон, да не било во работен однос.

Слични содржини