Иако штотуку беше објавен трејлерот за „Куќата на Гучи“, критичарите веќе го фалат настапот на поп -sвездата Лејди Гага, која ја игра главната улога во филмот – црната вдовица Патриција Регани, одговорна за убиството на нејзиниот сопруг Маурисио Гучи.
„Долгоочекуваното враќање на Лејди Гага на филмското платно изгледа магично“, објави Хафингтон пост.
Магазинот„Esquir“ e наведува дека филмот носи драма, брилијантност, гламур и спектакл, и дека Гага сигурно ќе добие втора номинација за главна актерка во филмот.
„AwardsWatch“, исто така, наведува дека улогата на Патриција Реган на поп -sвездата, сигурно може да ѝ донесе номинација за Оскар.
„Гага е родена за улогата на Регани“, наведува ЕТ..
Вог исто така наведува дека филмот, но и Гага, содржи „се што можете да очекувате и повеќе од тоа“.
View this post on Instagram
Ова ќе биде втора главна улога на Лејди Гага во филм. Таа веќе ја доби номинацијата за најдобра главна актерка со филмот „Sвездата е родена“ со Бредли Купер.
Во главните улоги за филмот со семејството Гучи се и Ал Пачино, Салма Хајек и Адам Драјвер.