Терористичка организација ја презеде одговорноста за пожарите во Турција

од Vladimir Zorba
190 прегледи

Терористичката организација „Деца на огнот“ ја презеде одговорноста за предизвикување на шумските пожари во Турција, пишува весникот „Јени Шафак“.

Наводно, организацијата е поврзана со Работничката партија на Курдистан, која Анкара ја смета за екстремистичка.

Во соопштението на организацијата се вели дека нејзините поддржувачи ги предизвикале пожарите „затоа што турскиот режим не разбира друг јазик“.

– Затоа е време (режимот) да падне на колена – наводно рекле тие.

Турските власти се уште не ги коментирале наводите.

Да потсетиме, на југот на Турција, каде што има познати летни одморалишта како Бодрум, Мармарис, Анталија, од минатата среда, пожарите однесоа шест животи, додека бројот на повредени надмина 400.