Германските обвинители размислуваат за отворање истрага за поплавите

од Nikola Popovski
204 прегледи

Германските обвинители размислуваат да отворат официјална истрага за можни пропусти од официјалните лица за соодветно предупредување на населението за разорните поплави што се случија на западниот дел на земјата минатиот месец, пренесува Танјуг.

Повеќе од 180 луѓе загинаа во Германија, а десетици луѓе се уште се водат како исчезнати по обилните дождови што предизвикаа поплави во покраините Рајнланд-Пфалц и Северна Рајна-Вестфалија од 14 до 15 јули, пренесува АП.

Како што се наведува, економските трошоци се очекува да бидат во милијарди евра.

Жителите на двата града погодени од поплавите за АП изјавија дека биле предупредени само непосредно пред поплавите и дека информациите што ги добиле од властите се нејасни.

Обвинителите во Кобленц изјавија дека ги разгледуваат извештаите на медиумите и официјалните полициски истраги за пријавените смртни случаи и планираат да објават во наредните денови дали ќе започнат официјална истрага.

Слични содржини