Јапонија ќе се фокусира на хоспитализирање на пациенти кои се сериозно болни од ковид-19 и оние кои се изложени на ризик да станат такви, додека другите ќе бидат изолирани дома, објавија денеска јапонските власти.
Ваквите најави доаѓаат во услови на загриженост поради преоптоварен медицински систем во услови на зголемен број на заразени со корона во Токио, каде моментално се одржуваат Олимписките Игри, како и во други делови на земјата, пренесува „Ројтерс“.
Јапонија се соочува со нагло зголемување на корона случаи и бележи повеќе од 10.000 нови инфекции дневно. Токио во саботата објави рекордни 4.058 нови инфекции.
„Мал број на постари луѓе, од кои повеќето се вакцинирани, се заразени“, изјави за новинарите владиниот портпарол Кацунобу Като.
– Од друга страна, инфекциите на младите луѓе се зголемуваат, а бројот на луѓе во 40 -ти и 50 -ти години со тешки симптоми расте – додаде тој.
Јапонскиот премиер Јошихиде Суга рече дека владата ќе осигури луѓето што се изолирани во домот да бидат хоспитализирани доколку е потребно.