Џафери ќе ги распише изборите на 6-ти август, па ќе замине на одмор во Албанија

од Nikola Popovski
214 прегледи

Од Собранието соопштуваат дека спикерот Талат Џафери локалните избори ќе ги распише на 6 август, а ќе се одржат на 17 октомври годинава.

-Одморот на пратениците е до крајот на август, а претседателот на Собранието може и за време на одморот да свика седница на Собранието, велат од таму.

Се додава дека спикерот после распишувањето на изборите ќе замине на одмор во Албанија, а нова седница ќе биде закажана на средината на септември.

Слични содржини