Најмалку четири лица загинаа, а повеќе од 10 се повредени откако милитантите ја бомбардираа куќата на авганистанскиот министер за одбрана Бизмилах Кан Мохамади.
Авганистанскиот министер не бил дома кога била активирана автомобил -бомбата и се пукало во близина на неговата резиденција во утврдената Зелена зона во Кабул, а неговото семејство е безбедно евакуирано, додека четворица напаѓачи се убиени, пренесува Би -Би -Си.
Безбедносните службеници потврдија дека во нападот загинале четири лица, дека 11 се ранети и дека се префрлени во болниците во Кабул.
„Не грижете се, се е во ред. Ги уверувам моите сакани сонародници дека таквите напади не можат да влијаат на мојата подготвеност да ги бранам мојот народ и земјата“, рече Мохамади по нападот на Твитер.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, но истиот следеше откако талибанските бунтовници напредуваа во офанзива врз градовите во провинциите на југот и западниот дел на земјата.