ИБРА САКАЛ ДА СЕ ВРАТИ ВО ПСЖ, но сепак остана во Милан

од Stefanija Kuzmanovska
322 прегледи

Златан Ибрахимовиќ го продолжи договорот со Милан. Тој ќе остане кај „росонерите“ до јуни 2022 година и ќе заработува околу седум милиони евра годишно.

Сепак, според весникот „Паризиен“, Милан не бил првиот избор. Овој весник пишува дека пред да биде продолжен договорот, тој сепак го „почувствувал пулсот“ на Пари Сен Жермен за можно сензационално враќање.

Ибрахимовиќ играше за ПСЖ од 2012 до 2016 година, цели пет сезони. Популарниот „Ибракадабра“ сакал да се врати во обид да го освои единствениот трофеј што му недостасува – Лигата на шампионите.

Агентот на Швеѓанецот, Мино Рајола, го контактирач спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо, од кого сепак добил негативен одговор.

Слични содржини