Војвотката од Сасекс доби топли честитки за нејзиниот 40 -ти роденден од кралицата Елизабета, принцот Чарлс и војводата и војвотката од Кембриџ.
На официјалниот Инстаграм профил на кралското семејство, кој го води персоналот на кралицата, објавена е објава со три фотографии на Меган со порака: „На војвотката од Сасекс ѝ посакуваме многу среќен роденден!
Една од фотографиите е нивната заедничка од јуни 2018 година.
Наскоро се појави слична честитка на официјалните профили на принцот Вилијам и војвотката Кејт Мидлтон, како и од принцот Чарлс и војвотката од Корнвол.
На многумина им се допадна достоинствениот потег на кралското семејство на социјалните мрежи, и покрај неодамнешните критики во јавноста што Хари и Меган ги упатија кон Бакингемската палата.