Леон Бејли е нов фудбалер на Астон Вила (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
297 прегледи

Поранешниот играч на Баер Леверкузен, Леон Бејли, потпиша четиригодишен договор со Астон Вила, објави англискиот клуб.

Финансиите поврзани со договорот не се познати, но некои медиуми објавија дека Астон Вила морал да издвои околу 32 милиони евра за фудбалерот од Јамајка.

Бејли (23) постигна 15 гола и запиша 11 асистенции во сите натпреварувања минатата сезона за германскиот клуб, од кој пристигна од белгиски Генк во 2017 година.

Тој го облече дресот на репрезентацијата 10 пати и постигна еден гол.

Слични содржини