Гром усмрти 16 сватови на свадба во Бангладеш

од Nikola Popovski
444 прегледи

При удар на гром загинаа 16 лица на свадбена церемонија во Бангладеш, пренесуваат агенциите, повикувајќи се на изјавите на локалните власти. Стотици луѓе умираат од ударите на гром во Бангладеш секоја година за време на монсунските бури.

Сватовите се симнале од бродот во градот Шибгањ, недалеку од границата со Индија, за да се засолнат од бурата кога ги погодил гром, изјави за АФП владин претставник во тој регион, Сакиб ал-Раби.

Тој потврди дека 16 луѓе загинале откако биле погодени од гром во западната област Чапаинавабгањ.

Младоженецот исто така бил повреден од громот, додека невестата не била во групата која била погодена.

Најмалку 20 луѓе загинаа во поројните дождови што го погодија округот Кокс Базар на југоисток од земјата, според АФП, и потсетува дека стотици луѓе умираат секоја година за време на ударите на гром во Бангладеш.

Слични содржини