Реномираниот фестивал “Охридско лето” денеска го слави 61 иот роденден. 61 година „Охридско лето“ е празник на уметноста благодарение на оперската примадона Ана Липша Тофовиќ која му дари на фестивалот љубов но и вечност рече директократа Наташа Поповиќ.
Денеска “Охридско лето” добива и биста на Тофовиќ излеана во бронза со наслов “Орфеј на Ана”.
Роденденот ќе биде прославен со концерт на групата Синтезис вечерва на Античкиот театар со почеток од 21 часот.
Фестивалот веќе е во втората половина од програмата. До 20 ти август се најавени уште голем број настани и гостувања на еминентни уметници од земјава и странство.