Не ги оставајте своите возила под високите дрвја, апелираат од „Паркови и зеленило“

од Nikola Popovski
276 прегледи

Од ЈП „Паркови и зеленило“ ги информираат граѓаните да не ги оставаат своите возила под високите дрвја, по најавите за засилен ветер и локален пороен дожд.

-По најавите од Управата за хидрометролошки работи за појава на засилен ветер и можна појава на краткотраен дожд во попладневните часови денес и утре, ги молиме граѓаните да не ги паркираат своите возила под високие дрвја, со цел да се избегнат несакани последици. Исто така, доколку забележите паднато дрво можете да го пријавите во Центарот за управување со кризи на телефон 195 или да ни се обраите со директна порака или мејл, за нашите екипи да интервенираат, велат од претпријатието.

Во пладневните часови, како што инофмираат од УХМР, на повеќе места во државата дува засилен ветер, а во 12 часот најсилен е ветерот во Битола, кој повремено достигнува брзина до 40 километри на час.

Од крајот на денешниот ден, преку ноќта и утре претежно претпладне ќе има локален пороен дожд, грмежи и на места со поројни врнежи и засилен ветер од променлив правец. На места процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, со пообилен пороен дожд за кратко време, силни електрични празнења и појава на град. Утре и в сабота температурите ќе опаднат за 4 до 5 степени.

Слични содржини