Француските ракометари четврти пат по ред ќе играат за златниот олимписки медал во Токио.
До финалето, „триколорите“ се пласираа откако со совладаа Египет во полуфиналето со 27:23.
Египќаните издржаа одлично до финишот, а потоа последните неколку минути беа решавачки кога Французите Валентин Порте и Лудовик Фабрегас одиграа одлично и помогнаа Французите да се „одлепат“ на 25:21, а потоа се беше готово.
Французите до победата ги предводеа Дик Мем и Хуго Дескат со по пет гола, а голманот Винсент Жерар запиша дури 17 одбрани!
Египет беа предводени од Јахина Омар и Ахмед Ел-Ахмар со по пет гола.
Французите двапати по ред беа на победничкиот трон, во Пекинг во 2008 година и Лондон во 2012 година, додека во 2016 година во Рио де Жанеиро беа поразени од Данска во финалето.