404
Американската реалити sвезда Кортни Кардашијан (42) на социјалната мрежа Инстаграм објави нови фотографии на кои откри дека последните десет дена ги поминала во карантин.
Имено, Кортни објави фотографии на кои позира во одразот на огледалото само во бањарка под која не носи долна облека, а зад неа стоеше нејзиното момче, тапанарот Тревис Баркер.
„Десет дена карантин…“- напиша таа во описот на објавата, а нејзиното момче веднаш со емотикони на срце одговори: „Десет дена со тебе“.
Со оваа објава, Кортни собра повеќе од 1,5 милиони лајкови, додека 135 милиони луѓе ја следат на споменатата социјална мрежа.