Од ЦУК велат дека пожарот од Ракотинци се движи кон Сопиште.
За пожарите се известени припадниците на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје. Во моментов се преговара за исклучување на струјата со ЕВН со цел да не се предизвикаат дополнителни искри и ширење од пожарот.
Според очевидци во Ракотинци има пожар под црквата „Свети Илија“, а гори и во Добри дол над селската црква.