Крај на драмата во Турција: Пожарот во близина на термоцентралата ставен под контрола

од Vladimir Zorba
242 прегледи

Шумскиот пожар што се приближи до термоцентралата Кемеркој во југоисточна Турција денеска е ставен под контрола, пренесува АП.

Силниот ветер, кој го насочи пожарот кон термоцентралата, која се наоѓа во провинцијата Мугла, доцна во средата, ги принуди жителите на блиското приморско одморалиште Орен да се евакуираат.

Долги колони возила се формираа на патиштата што водат од областа, а морнарицата испрати бродови таму да помогнат во евакуацијата.

Во пожарите, најлошите во Турција во последните децении, кои траат девет дена, потпомогнати од високите температури и силните ветрови, досега загинаа осум лица.

Во провинцијата Мугла, каде што се наоѓа туристичкото место Бодрум, избувнаа пожари на шест локации.

Беа преземени соодветни мерки на претпазливост пред пожарот да стигне до Кемеркој.

Резервоарите со водород беа испразнети, а работниците беа евакуирани. Отстранети се и запаливи и експлозивни материи.

Министерот за енергетика, Фатих Домнез рече дека главниот дел од термоелектраната, вклучувајќи ги и турбините, не е оштетен и дека неговото пуштање во работа е планирано што е можно поскоро.

Тој, исто така, рече дека не се регистрирани опасни емисии на гас.

Слични содржини